spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Мелов: Лозарите во немоќ ги сечат сопствените лозја, власта и винариите ги оставија на цедило

Вуко Мелов од СДСМ преку објава со видео-изјава алармира за тешката и безизлезна ситуација во која се наоѓаат македонските лозари. Тој посочува дека поради недостаток на пласман и откуп, земјоделците се доведени до состојба да ги сечат сопствените насади додека грозјето скапува по нивите. Според Мелов, наместо интервентен откуп и системска помош, власта троши средства на забави и манифестации, директно одигрувајќи во корист на големите винарии на штета на малиот лозар.

Во продолжение ви ја пренесуваме објавата интегрално:

ВАКА СЕ УНИШТУВА ЛОЗАРСТВОТО!
Е во ваква ситуација ги донесоа лозарите!
Да ги сечат лозјата!
Погледнете што се случува. Луѓето цела година работат, вложуваат, се мачат, а на крај нема кој да им го купи грозјето.
Најголем дел од вранецот остана по нивите да скапува.
А власта, наместо да решава, си тера забави и троши илјадници евра на забава.
Ама ним им е добро.
За нив нема зима.
За нивното грозје секогаш има пласман.
А малиот лозар?
Него го доведоа до тоа да го сече сопственото лозје.
И ова веќе не личи на случајност.
Ова личи на меѓусебен договор на власта и винариите за уништување на малиот лозар, за на крај да останат само големите.
Наместо интервентен откуп и вистинско решавање на проблемот со лозарството, ги оставија лозарите на цедило.

Издвојуваме