spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Лефков држи предавања за „марихуана економија“, а под носот на ВМРО-ДПМНЕ пролетаа 5 тони дрога за Србија!

Додека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно држат прес-конференции и делат лекции за грижа за граѓаните, реалноста на терен и институционалната одговорност отвораат сериозни прашања. Пратеникот Лефков свесно заборава да каже како пред очите на актуелната власт и нејзините гранични и царински контроли успеаа непречено да поминат дури 5 тони марихуана — рекордна пратка потекло од Македонија која беше запленета во Србија. Кој од функционерите овозможил или замижал пред овој шверц од огромни размери, кој го контролира граничниот премин и кој сноси одговорност за тоа што Македонија повторно се споменува во меѓународни криминални канали? Наместо одговори за овој скандал, ВМРО-ДПМНЕ нуди само популистичка реторика и префрлање на вината. ​

Во продолжение, интегрално го пренесуваме соопштението од прес-конференцијата на Миле Лефков:

Лефков: Талогот на СДС и Филипче очигледно се само специјалисти за марихуана економија со издадени околу 70 лиценци на фирми за канабис, сега не разбираат што е грижа за квалитетна животна околина за граѓаните

Почитувана јавност,

Кога станува збор за талогот на СДС, или ова раководство на Венко Филипче можеме да слушнеме и видиме единствено лаги, клевети, манипулации и ширење паника во јавноста, сега конкретно и за дата центрите.

Филипче и од него поставеното раководство не разбираат очигледно ништо. И покрај многуте објаснувања во јавноста воопшто за дата центрите, како и за тоа што значи приватна инвестиција, а што национален дата центар може да се каже само едно – очигледно ги удрило сонцето и се вклучуваат само по потреба за лични интереси.

Талогот од СДС и Филипче уште еднаш покажуваат дека не знаат што е национален дата центар, а истиот, оној во Прилеп кој не е основен, туку секундарен го отвори токму владата на СДС.

И во оваа прилика Филипче и ова СДС покажуваат дека знаат само за марихуана економија. За ова говори фактот што токму во периодот на владата на СДС се издадени околу 70 лиценци за фирми за канабис. За глума во јавноста и одзедоа неколку лиценци.

Ова говори за ориентираноста на талогот на СДС и Филипче. За разлика од нив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво за подобар животен стандард и квалитетна животна околина за секој еден граѓанин.

Издвојуваме