spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Филипче: Повторно ќе поднесеме Закон за минималната плата од 600 евра

СДСМ не се откажува од зголемување на минималецот: Филипче најави нов Закон за минимална плата од 600 евра ​

Опозициската СДСМ повторно до Собранието ќе поднесе законски измени со кои се бара минималната плата во земјава да се зголеми на 600 евра, најави денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. Според него, оваа мерка е неопходна поради драстичниот скок на трошоците за живот и падот на стандардот на граѓаните, а предлогот содржи и државно субвенционирање на придонесите за приватниот сектор со цел бизнисот да не трпи дополнителен финансиски товар. ​

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од СДСМ во целост:

Соопштение за јавност

Оваа власт во неколку наврати го одбиваше нашиот предлог за зголемување на минималната плата. СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието Законот со кој минималната плата треба да изнесува 600 евра, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Филипче обвини дека во услови на значително зголемени трошоци за живот, граѓаните не можат да ги покријат основните потреби со сегашното ниво на приходи.

„Ако потрошувачката кошничка за година и пол дена пораснала за некаде близу 10.000 денари, била 60.000 денари, сега е скоро 70.000. Ако на тоа се додадат и трошоци како кирија или кредит станбен, таа потрошувачка кошничка изнесува близу 90.000 денари. Оваа власт не сакаше минималната плата да ја зголеми на 600 евра. И затоа сакам да најавам дека повторно во Собранието ќе го поднесеме Законот за зголемување на минималната плата.“, рече Филипче.

Тој појасни дека предлогот на СДСМ предвидува минималната плата да биде 600 евра, со истовремено субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата од зголемувањето на платите.

„Минималната плата да биде 600 евра и да се субвенционираат придонесите на приватните компании за разликата од зголемувањето на платите, за да приватните компании не го почувствуваат тој товар на себе. Едноставно, работниците да можат да си обезбедат достоинствен живот на своите семејства. Инаку, ниту три минимални плати не можат да го достигнат трошокот на потрошувачката кошничка.“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Издвојуваме