Реакцијата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со скандалот со директорот Далибор Китановиќ предизвика остри дебати во јавноста, откако тој одлучи да го затвори случајот без да побара разрешување или каква било институционална санкција за величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Коментирајќи го повлекувањето на спорниот статус и извинувањето што Китановиќ првенствено му го упати нему, Мицкоски застана во негова одбрана со став дека случајот е завршен и дека нема потреба од понатамошни притисоци.
„Господинот се извини, го повлече тоа што го напишал. Апелирам да не го распнуваме луѓето, секој може да направи грешка. Важно е кога ќе ја увиди грешката, да ја коригира и да се извини. За мене овој случај е затворен, да продолжиме да работиме на работите што се од вистински интерес за сите граѓани.“




