spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКИ НОКАУТ ЗА МИЦКОСКИ: СДСМ директно покажа кој навистина владее со Македонија – „Младиќ е нивниот вистински херој!“

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со остра реакција и директни обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски и функционерите од неговата владина коалиција. ​

Поводот за сериозната политичка реакција е отсуството на оставки и одговорност кај високи владини претставници по низа спорни изјави, јавни објави и постапки. Од опозициската партија обвинуваат за директно величање на личности поврзани со воени злосторства, како и за говор на омраза насочен кон политичките противници. ​

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението за јавност од СДСМ во неговата интегрална форма: ​

Соопштение за јавност на СДСМ:

Без оставки од Стоилковиќ и Китановиќ – Мицкоски потврдува дека Младиќ е и негов генерал

Христијан Мицкоски молчи за својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, не смее ниту да го спомене со име, а камоли да побара негова одговорност. Молчи и за Китановиќ.

Иван Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието и го велича Ратко Младиќ.

Далибор Китановиќ како Директор на Агенцијата за правата на заедниците објавува пофалби за човек кој спроведувал етничко чистење на заедниците.

Мирослав Тричковиќ, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на заедниците објавува гнасни текстови полни со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и претседателот Венко Филипче.

Тоа е екипата на Стоилковиќ. Тоа е екипата на Мицкоски, а сите заедно се екипата на Вучиќ.

Без оставки на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал.

А со тоа и Мицкоски, како нивен шеф, потврди дека Младиќ е и негов генерал.

Знаеме дека Младиќ е генерал на Вучиќ. Сега знаеме дека е и на Мицкоски.

Издвојуваме