spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ОД НЕДОВОЛСТВО ВО КОЧАНСКО: Земјоделците оставени на милост и немилост, СДСМ најавува жестока борба во Собранието!

ГРДОВЦИ/КОЧАНИ – Очај, револт и сериозна загриженост за егзистенцијата – ова е суровата реалност со која се соочуваат македонските земјоделци и оризопроизводители. Додека трошоците за производство рушат рекордни висини, а откупните цени ги туркаат производителите кон работ на пропаста, државната поддршка целосно изостанува. ​

На средбата во селото Грдовци, Кочанско, беа обелоденети сите наталожени проблеми со кои се соочуваат оние кои ја хранат државата. Од СДСМ порачуваат дека нема со скрстени раце да го гледаат уништувањето на домашниот производител и најавуваат итно поднесување конкретни законски измени во Собранието за заштита на земјоделскиот труд. ​

       

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот пост на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

​„Земјоделците имаат голема мака со оваа криминална власт. Бараат фер цена за својот труд и сигурност дека ќе можат да живеат од она што го произведуваат а не добиваат ништо.

​Вечерва во Грдовци, на средба со земјоделците и оризопроизводителите од Кочанско, слушнав за многу проблеми кои се наталожиле. ​

Трошоците се зголемени најмалку 30%, а откупните цени се ниски. Истото го гледаме кај оризот, пченицата, млекото, пиперките, грозјето. ​

Земјоделците работат, произведуваат и ја хранат државата, а Владата ги остава сами да се снаоѓаат.

​Со пратениците на СДСМ ќе поднесеме конкретни законски решенија во Собранието – за субвенциите и за откупните цени, согласно реалните потреби на земјоделците.

​Со нив сме и ќе бидеме со нив, ќе се бориме за нивниот труд да биде вреднуван и платен достоинствено.

Издвојуваме