spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ПРОПОВЕДА ЗА „КУЛТУРА“: Партијата што секојдневно користи уличарски речник сега се навреди од сопствениот огледален одраз!

Дворецот што со децении шири политичка кал, навреди и кафанизација на јавниот говор, одеднаш одлучи да дели лекции за „државотворност“ — откако го потрошија народниот буџет за диџеи, општествените критичари за нив станаа „талог“!

Политичката сцена влегува во фаза на класичен апсурд. ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј секојдневен политички вокабулар е преплавен со уличарски фрази, вулгарности, навреди и навредливи етикети кон секој што размислува различно, одеднаш излезе со соопштение во кое се згрозува од „нискиот и уличарски речник“.

Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за култура во говорот, тоа звучи како иронија од највисок ранг. Јавноста секојдневно е сведок на нивниот препознатлив речник со кој ги честат своите политички противници, каде редовно се користат изрази и фрази како: „талог“, „арамии“, „криминална банда“, „пимани“, „дезориентирани“, „предавници“, „слуги“, „пиони“, „платеници“, „изгубени во просторот и свеста“, „неспособни“, „паразити“, „штетници“, „дупелизачи“, „циркузанти“, „безрбетници“, „политички маргиналци“ и уште десетици други уличарски етикети. Но, кога истиот тој остар тон ќе им се врати како бумеранг за нивните трошења од 5,5 милиони евра, тие наеднаш стануваат чувствителни на убавиот збор.

Наместо да дадат прецизни финансиски извештаи, фактури и сметки за милионските суми потрошени за прослави и настапи, ВМРО-ДПМНЕ нуди „терапија со видеа“ и со ироничен триумфализам ги упатува граѓаните да го гледаат видеото на Дејвид Гета.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во целост:

Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразен, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на Гета

Нискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството.

СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап.

За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени.

Издвојуваме