spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја продолжи фашистичката кампања „Талог“ — Наместо резултати, ВМРО-ДПМНЕ нуди полициски притисоци, сиромаштија и поделби!

СДСМ: Мицкоски ја продолжи фашистичката кампања „Талог“ — Наместо резултати, ВМРО-ДПМНЕ нуди полициски притисоци, сиромаштија и поделби!

Наместо достоинствено одбележување на Денот на независноста, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го искористија празникот за сеење омраза, навреди и продлабочување на поделбите во општеството. Од СДСМ алармираат дека операцијата „Талог“ е класична фашистичка реторика која служи единствено да се прикрие катастрофалниот колапс во економијата, потрошувачката кошничка од 90.000 денари, замрзнатиот европски пат и полицискиот упади врз критичарите и граѓаните.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението интегрално:

Соопштение за јавност

Исто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.

Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста.

Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична фашистичка кампања по моделот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од нашата историја.

Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер.

Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за отруената вода во Гостивар.

Повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите.

Оваа форма на кампања Мицкоски ја тера само затоа што нема ниту еден резултат зад себе, во ниту една област.

Економијата, земјоделството, здравството, образованиеѕо, социјлата…насекаде е хаос.

Народот едвај врзува крај со крај.

Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија, а минималната плата е закована на 26.000 денари, најниска во Европа. Цените отидоа до плафон, стандардот на граѓаните паѓа, луѓето живеат се потешко.

Долгот Мицкоски го зголеми веќе за 4 милијарди евра само за две години.

Еврипскиот пат е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и човечки вредности.

Сè што се прави е копи-пејст рецепт од неговиот ментор Вучиќ.

Додека нема ниту еден добра вест за граѓаните од оваа влада. Ниту една.

Мицкоски веќе изгуби повеќе од 150 илјади гласови, сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг.

Патриотските теми веќе не поминуваат – сите се прочитани.

Кога нема резултати зад себе, кога сите негови лаги се прочитани, само уште тоа му остана на Мицкоски, поделби и сеење омраза.

Издвојуваме