СРАМНИОТ ПАРАДОКС НА ВМРО-ДПМНЕ: За милионски прослави и забави има пари, а бистата на загинатиот бранител Бобан Трпков стои оградена и запуштена!
Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потроши милиони евра народни пари за гламурозни спектакли на Националната арена за Денот на независноста, Општина Кисела Вода покажа тотално недостоинство и негрижа кон македонските херои. Спомен-обележјето на бранителот Бобан Трпков во Драчево, кој го даде својот живот за Македонија во 2001 година, денес е заградено, запуштено и без нормален пристап за граѓаните да му оддадат почит. Ова е вистинското лице на власта: пари за луксуз и демагогија има, а почит кон оние што ја пролеаа крвта за државата нема.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението интегрално:
СРАМ ЗА ВМРО-ДПМНЕ КИСЕЛА ВОДА И ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА!
ЗА БРАНИТЕЛИТЕ НЕМА НИ ДОСТОИНСТВО, НИ ПОЧИТ!
Бистата на Бобан Трпков, поставена пред Месната заедница во Драчево како спомен-обележје во чест на човекот кој го даде својот живот за Македонија во 2001 година, денес е целосно запуштена и незаштитена од страна на Општина Кисела Вода, која е раководена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова не е обична негрижа. Ова е срам и недостоинство кон човек кој го загубил животот извршувајќи ја својата должност за Македонија!
При реконструкцијата на објектот на Месната заедница во Драчево, заедно со објектот е оградена и бистата на Бобан Трпков. Наместо спомен-обележјето да биде уредено, заштитено и достапно за граѓаните, денес до него нема ниту нормален пристап за достоинствено оддавање почит.
Уште посрамно е што ниту еден од претставниците на општинското раководство не најде за потребно да изрази почит кон Бобан Трпков – бранителот од Драчево и од Општина Кисела Вода.
Особено поразително е што на 8 Септември – Денот на независноста на Македонија – граѓаните немаа можност достоинствено да му оддадат почит на Бобан Трпков.
И додека за бранителите нема услови ниту за основно достоинство, за само неколку, за нив очигледно „скромни“, милиони евра, државата предводена од ВМРО-ДПМНЕ организираше спектакуларна прослава на 35-годишнината од независноста на Националната арена во Скопје.
За сцена има пари.
За милионски прослави има пари.
Ама за бранителите и нивните спомен-обележја – очигледно нема.
И тоа е најголемиот парадокс.
Во реалноста стојат запуштени спомен-обележја, огради и затворен пристап.